Во Македонија бројот на пациенти кај кои е утврдено присуство на коронавирус засега е еден, сепак не престануваат пласирањата на неточни информации кои креираат паника кај граѓаните не стивнува.
Постојано се лицитира со бројот на заболените, на интернет форумите и во затворените групи се изнесуваат непоткрепени тврдења „од сигурни извори“ кои воопшто не се точни.
Остануваат во излолација сопатниците од комбето во кое патувала пациентката со „коронавирус“
Министерството за здравство апелира граѓаните да се информираат само од официјалните информации на релевантните институции.
Една од шпекулациите кои беа објавени на интернет од луѓе кои тврдат дека лично се познаваат со едно од лицата во комбето, беше и онаа дека наводно „на патниците од комбето кои се во домашна изолација им било понудено утре, вторник самите да си го платат тестот за присуство на коронавирус, па ако е негативен, дека ќе може да излезат од домашната изолација порано од предвидените четиринаесет дена“.
Од министерство за здравство велат дека станува збор за дезинформација.
Останатите патници кои биле во комбето со единствената пациентка позитивна за коронавирус се во домашна изолација. Информацијата дека им било понудено утре да излезат од карантин не е точна. Тие ќе бидат во домашна изолација најмалку 14 дена според процедурите, а потоа ќе следи евалуација. Во однос со состојбата со коронавирусот, апелираме до граѓаните да се информираат само од официјалните информации на релевантните институции- велат од Министерството за здравство за „Слободен печат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.