„Остајте да помини фичото, не туркајте се, држете растојание“, пишува на импровизираните табли на „фичо“ поставени на повеќе локации во Битола, како потсетник за почитување на препораките против ковид-19 и одржувањето социјална дистанца.

Акцијата својата инспирација ја црпи од анегдота од веселите периоди на 70-тите и 80-тите години, кога што и да се правело/градело/поставувало, требало да се остави доволно простор колку да може да помине ‘фичо’. Случајно или не, просторот потребен за да помине едно ‘фичо’ е околу два метра, што всушност е и препорачаното растојание за спречување на ширењето на ковид-19. Се надеваме дека жолтите ‘фичовци’ ќе ги потсетат битолчани посовесно да одржуваат растојание, барем онолку колку да помине ‘фичо’ меѓу нив, соопштија организаторите.

Во рамки на акцијата се направени и налепници кои потсетуваат на потребата за одржување растојание, како и на генералните препораки за заштита од ковид-19.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.