Хрватските здравствени власти потврдија уште еден случај на лице заболено со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА.
Се работи за случај потврден во Клиниката за инфективни болести во Загреб, со што вкупниот број на заразени лица во Хрватска се искачи на осум.
Според информациите кој ги објави порталот Индекс, се работи за човек кој бил во близок контакт со еден од заразените во Риека.
Според порталот првиот заразен со коронавирусот во Хрватска е човек на возраст од околу 50 години кој работел на фабрика во Италија, а досега позитивни на вирусот се неговата сопруга и нејзиниот брат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.