Петнаесет нови позитивни тестови на Ковид-19 во тетовскиот регион денеска беа причина за итна координација на претставниците на Владата и здравствените институции во тетовската клиничка болница.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како главен координатор на кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од Ковид19 посочи дека има 11 нови заразени и четири лица на кои вторпат тестот им е позитивен.

Очигледно и покрај тоа што генералниот впечаток е дека состојбата е под конторла и дека трендот е позитивен, освен пикот, денеска сепак констатиравме слабости и во делот на почитување на индивидуалните мерки од страна на граѓаните и комуникација со матични лекари и одговорот на матичните. Направивме план кој ќе биде презентиран пред кризен штаб на Владата со цел да го подобриме менаџирањето. Повик до граѓаните да ги почитуваат мерките бидејќи во ситуација кога спласнува пандемијата на ниво на државата може да создаде ситуација на лажна самодоверба дека ја поминавме состојбата да се опуштиме предвремено и наместо за кратко време навистина ја пребродиме оваа состојба, може да ни се врати поради таа лажна самодоверба дека завршивме работа, истакна Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.