Луѓето не обрнуваат внимание на здравјето на устата и забите, а денталната хигиена е ниско на нивната листа на приоритети. Ова го покажа најновото истражување, според кое, едно од три лица редовно заборава да ги измие забите, пишува „Индепендент“.
Истражувањето на Колгејт Тотал, во кое учествувале 2.000 возрасни лица, покажало дека постои неконзистентен пристап на денталната хигиена и оти луѓето не работат доволно на здравјето на своите заби и уста.
Еден од 10 анкетирани рекол дека користи гума за џвакање наместо паста за заби, а 80 отсто дека страда или се борел од некои проблеми како што се чувствителност (33 проценти), кариес (32 отсто) и крвавење (31 процент).
Здравјето на устата било ниско на листата на приоритети на анкетираните, кога е во прашање одржување на здравиот начин на живот, веднаш зад диета, тежина и ментално здравје. Само девет проценти од испитаните сметаат дека тоа прашање е важно.
Шест од 10 испитани рекле дека не воделе доволно сметка за оралната хигиена, а 43 отсто од нив рекле оти не знаат како да одржуваат хигиена на уста и заби.
Стручните лица од таа област истакнуваат дека повеќето проблеми, кои се однесуваат на орално здравје можат да ги спречат или намалат со секојдневна орална хигиена.
Кога се вели орално здравје, повеќето луѓе мислат на забите. Бактерии се наоѓаат и на јазикот, образите и непцето, па им е потребно слично ниво на заштите, како и на забите, за да се постигне здравје на целата уста – вели стоматологот Милад Шадрух.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.