Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • ОШЗС Куманово врз основа на Решение за безбедносни мерки во однос на болеста предизвикана од вирусот COVID -19 кај луѓето, донесено врз основа на член 20 став 1 алинеја 5 од Законот за безбедност на храната („Сл. Весник на РМ“ Бр.157/10, 53/11,1/12,164/13,187/13,43/14,72/15,84/15,129/15,231/15,39/16,64/180) мерките на Владата на РСМ и препопраките на МЗ, и диреткорот на Агенција за храна и ветеринарство, препорачува на ЈП „Пазаришта“ – Куманово, да го прилагоди работењето на добиточниот пазар согласно мерките на Владата на РСМ и МЗ.
  • ОШЗС Куманово врз основа на барање на ЈП „Пазаришта“ –Куманово, препорачува на Општина Куманово да започне со работа реонскиот и Зелен пазар како за продажба на храна,  земјоделски производи така и за продажба на цвеќе и останати производи на второ и трето ниво од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот. При што задолжително да се применуваат веќе утврдените мерки за заштита од вирусот.
  • ОШЗС Куманово препорачува на Општина Кумановода го стави во функција зонско паркирање организирано од страна на ЈП „Куманово паркинг“ – Куманово со цел да се уреди паркирањето и намали сообраќајниот метеж во градот.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.