Директорот на Агенцијата за акредитација Анте Попоски денеска официјално ја врачи акредитацијата за следните три години на директорот на Општата болница во Велес Божидар Бојаџиев, на церемонија по повод 7 април Денот на здравјето, на која присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.

Во своето обраќање до присутните министерот за здравство Венко Филипче изнесе дел од реализираните проекти на министерството во изминатата година и нивните планови за следниот период. Потсети дека биле зајакнати повеќе програми, посебно програмата за ретки болести која има речиси двојно поголем буџет, дека се воведени пет нови лекови, новата стратегијата за ретки болести и внесувањето на сите сите пациенти во регистерот.

Потсети дека биле зголемени платите на здравствените работници минатата година во септември за пет проценти, а оваа година за десет проценти за лекарите, а пет проценти за средно медицинскиот персонал, додека за администрацијата зголемувањето останува во септември оваа година.

Министерот Филипче информира дека со директорот на болницата разговарале за потребата од опрема за Ургентниот центар за истиот да се стави во функција за што во следниот период од недела две ќе дојде Комисија од Хирушките клиники од Скопје која ќе ја изработи листата на услуги која ќе се дава во велешката општа болница, а со цел да се олесни препраќањето на пациенти да нема многу чекање и не се ствара хаос и да не се забавува службата за Итна медицинска помош.

Директорот на Агенцијата за квалитет и акредитација на здраствените установи Анте Попоски кој денеска на свеченоста му ја врачи акредитацијата за велешката ЈЗУ Општа болница на директорот Божидар Бојаџиев, а која важи од 25 март 2019 до истиот датум 2021 година ги изнесе резултатите од мониторингот и оценувањето.

– Направена е реконструкција на главната зграда на болницата и поставена е термоизолациска фасада и ставени со нови врати и прозори, набавена е нова медицинска опрема со воведување на нови методи. Овозможено е едукација на доктори и друг медицински кадар во странство, а упатени се и доктори на специјализација и едукација во терзијални установи. Воедно решен е и статусот на волонтерите и лицата под договор. Во 2018 се склучени договори за вработување на неопределено време за осум лекари и за кратко време се направени промени со кои во целост е подобрено функционирањето на Општата блница во Велес, што го востанови Комисијата на нашата агенција, информира Попоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.