Емотивно видео на кое вработените од Детската клиника го испраќаат Онур дома објави министерот за здравство Венко Филипче. Детето успеа да ја победи битката со ракот и сега заминува дома. Оваа недела е посветена на сите кои победиле карциномот.

Оваа недела е посветена на сите кои победиле карцином! Повеќе од 32 милиони лица се преживеале рак низ целиот свет – сите знаат некој чиј живот е допрен од карцином. Го славиме животот со сите деца кои ја победиле оваа битка, тоа се нашите јунаци, непобедливи. Деновиве уште еден наш јунак го испративме дома, долго бевме заедно на одделенето за хемато-онкологија. Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш!, велат од Клиниката за детски болести.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.