Самоизолацијата треба да се третира разумно, не треба од неа да се прави „света крава“, вели лекарот и пратеник на Државната дума на Русија, Генадиј Онишченко.
Целата планета не може да запре, вели тој.
Онишченко смета дека самоизолацијата е „ужасно скапа“. Не постоела ниту во библиски времиња. Постои причина да веруваме дека имунитетот се создава по инфекција со коронавирусот.
Сите други вируси кои не мутираат толку брзо, како што е вирусот на грип, предизвикуваат прилично стабилен имунитет и тоа функционира ефикасно, рече Онишченко.
Сепак, има граѓани кои се изложени на ризик – старите лица и пациентите со срцеви проблеми.
Познато е дека најголемата закана во однос на инфекцијата се масовните собири, односно спортските натпреварувања, гужвите во метро и трговските центри. Ова е токму она што треба да се реши.
Дебатите за тоа дали ни се заканува втор и трет бран од коронавирусот немаат смисла, затоа што короната не е толку опасна како што било претходно дискутирано.
Меѓу другото, новиот вирус е многу помалку заразен од грипот, во спротивно, бројот на пациенти би бил многу пати поголем за половина година, сè додека трае пандемијата, нагласи Онишченко.
Режимот на самоизолација ќе влијае на здравјето на луѓето, особено психата. Постои страв од зараза, од губење на работа, што е главната психоза. Затоа, рестриктивните мерки треба постепено да се ублажуваат.
Ние треба мирно и постепено да излегуваме од режимот на самоизолација, со зачувување на разумните рестриктивни мерки и со барањата најстрого да се придржуваме кон правилата за хигиена и социјална дистанца, уверен е Онишченко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.