35 луѓе од земјава по вторпат се заразиле од Ковид 19. Во оваа статистика влегуват луѓе кои три месеци или подолго од првиот позитивен тест повторно развиле симптоми па се тестирале и повторно биле позитивни. Според надлежните тоа е доволен период за еден пациент да биде излечен, па да се потврди дека повторно се заразил. Сите случаи кои се евидентирани во земјава првиот пат поминале или без симптоми или со полесни, додека вториот со потешка клиничка слика.
Пациентите кои по втор пат се заразени со вирусот Ковид-19, првиот пат биле асимптоматски носители, односно вирусот воопшто не поттикнал имунитет и тие немаат антитела. Присуството на вирусот не развил инфекција кај нив, односно бил привремено присутен и тоа само во горните дишни патишта. Со тоа не се поттикнало вистинско заболување, а тие пациенти првиот пат биле носители на вирусот само неколку дена. Во светски рамки постојан неколку случаи на вистинска реинфекција, односни пациенти со класична симптоматологија од Ковид-19 кај кои по 3-4 месеци повторно се јавува инфекција. Тоа е многу ретко, но не е исклучена можноста за реинфекција. Кај нас таков случај не е детектиран, велат лекарите.
извор: Телма
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.