Тестирањето на вакцината против Ковид-19 на универзитетот Оксфорд и „AstraZeneca“ вклучува околу 50.000 доброволци, изјави Ендру Полард од групата вакцини на Оксфорд, за радиото 4 на БиБиСи.
Професорот за детска инфекција и имунитет истакна дека обемот на тестирањето е „клучно“ за да се обезбеди безбедноста на вакцината. Полард додаде дека бројот на заболени од Ковид-19 ќе биде важен фактор во одредувањето кога вакцината ќе биде достапна. Сепак, тој предвиде дека тековните испитувања може да обезбедат доволно податоци за безбедноста и ефикасноста на вакцините, кои потоа може да бидат доставени до регулаторите пред крајот на годината.
Универзитетот Оксфорд работи на вакцината против Ковид-19 заедно со „AstraZeneca“, која претходно во текот на денот објави дека започна тестирање за евентуално ново лекување на болеста.
Само Русија досега регистрирала вакцина против Ковид-19, но вакцината допрва треба да биде масовно тестирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.