Вакцината против коронавирусот, што ја развива Универзитетот во Оксфорд во соработка со „Астра Зенека“, ќе биде за целиот свет, бидејќи ќе чини само помеѓу три и четири долари, објави британски „Телеграф“.

Оксфордската вакцина е вакцина за целиот свет. Додека ’Фајзер’ и ’Модерна’ објавија дека успешно ја завршиле фазата на три тестирања, британскиот тим првично потенцираше дека нивната цел е да го направат нивниот производ достапен на целата планета. Не станува збор само за вакцина која ќе може да се транспортира и чува на нормални температури, туку и да биде достапна за секого“, пишува „Телеграф“.

Целта поставена од научниците од Оксфорд и „Астра Зенека“ е вакцината да им биде достапна на посиромашните земји во светот, се додава во текстот.

По цена од само три до четири долари по доза, вакцината на Оксфорд е само мал дел од цената на вакцината ’Фајзер’ и ’Модерна’, која ќе се продава од 20 до 32 долари, што е скапо за многу земји во развој“, стои во текстот на „Телеграф“.

Директорот на тимот што ја направи вакцината во Оксфорд, Ендру Полард вели дека тие направиле „вакцина за светот“.

Нашата цел беше да ја направиме вакцината достапна насекаде. Мислам дека успеавме да го сториме тоа. Ова се многу возбудливи периоди за здравјето на луѓето, рече Полард.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.