Министерот за здравство, Венко Филипче денеска уште еднаш нагласи дека имунизацијата на населението продолжува да се одвива според возрасната граница. До крајот на следната недела треба да се вакцинираат дополнително пријавените 8.000 постари граѓани и тие ќе имаат приоритет пред помладите.

Околу 40 отсто од вкупното население над 70 години, веќе е вакцинирано, рече Филипче.

На денот на пресекот, 30 април, додаде, биле пријавени околу 130.000 – 140.000 граѓани, а потоа се пријавени уште близу 150.000.

Мал број од овие граѓани се повозрасни зашто веќе околу 40 отсто од вкупното население над 70 години е веќе имунизирано. Кога се исцрпува вакцинирањето на повозрасните групи, се симнува возрасната граница. Таму каде што се дополнително пријавени граѓани над 70 години или нешто под, се приоретизираат. Но, ако нема такви, продолжува вакцинацијата со спуштање на возрасната група додека не се вакцинираат сите пријавени на сајтот „вакцинација.мк“, објасни министерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.