Во наредниот период со олабавувањето на мерките во државава, ќе почнат да работат и стоматолошките ординации, но под посебен режим согласно протоколите за работа во услови на Ковид – 19 предложени од СЗО и останатите релевантни дентални асоцијации, како и препораките на Министерството за здравство и Стоматолошката комора на Македонија.
Така при закажување на термин на пациентите ќе им биде земена епидемиолошка анкета, која може ќе биде составена по телефон, а потпишана во ординација, а при доаѓањето се прави уште една анкета за итност на стоматолошката интервенција за да може полесно да се организира работата во ординацијата ( проценка на време на интервенција, време за дезинфекција на простор и промена на заштитна облека).
Оние пациенти кои имале контакт со заболено лице или лице од фамилијата ќе бидат одложени за 14 дена (овие пациенти ќе добијат инструкции за терапија по телефон до изминување на 14 ден), додека пациенти кои се во изолација и позитивни за ковид 19 ќе бидат одложени за одреден период. Овие пациенти ќе добијат инструкции за терапија по телефон до нивно оздравување и повторен тест со негативен резултат.
Од друга страна има можност пациентите кои не припаѓаат на предходните две групи да бидат уредно закажани.
Стоматолизите и медицинските сестри и други вработени во стоматолошка ординација ќе носат заштитна облека за еднократна употреба, освен вообичаените заштитни маски, ракавици и визири.
Мерки и препораки за работа на стоматолошките ординации
– На влезот во чекалната на ординацијата мора да се постави дезинфекциска бариера за дезинфекција на обувките како и дезинфициенс за рацете
– Присуство на две лица во чекална не е дозволено освен ако не се работи за старо изнемоштено лице и дете до 12 години кое е со придружба.
– Пациентот мора да ги измие рацете со сапун во траење од 20 секунди и да стави дезинфициенс пред да седне на столицата
– Додека седи на столицата пациентот не смее да допира ништо на своето лице ниту пак мобилниот телефон.
– Ординацијата после секој пациент ќе се дизинфицира детално и тоа: кваките на вратите, рачките на столицата, рефлекторот и сите површини со кои пациентот бил во контакт во време траење од најмалку 15 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.