Одделението за трансфузиологија во Охрид е затворено, заради тоа што персоналот бил во контакт со лице кое што како пацинет да подигне терапија, кај него се развиле симптоми, и сега дефинитивно е дијагностициран коронавирусот. Не се сите вработени во висок ризик, но сите десет вработени ќе бидат во домашна изолација, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Значи крвоснабдувањето во Охрид не е загрозено во ниту еден случај, потенцираше Филипче.

Завршија испитувањата и во болницата во Кавадарци, ниту еден од персоналот, докторите, медицинските сестри, техничкиот персонал и пациентите на Одделот на психијатрија немаат позитивен на коронаворусот, за дел од нив ова е дефинитивен ресултат, а за останатите за кои е потребно повеќе време, ќе се тестираат диполнително. Одделението е затворено, завршена е целосна дезинфекција, останатиот дел од болницата работи нормално – рече Филипче.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.