Компанијата „Модерна“ соопшти дека имунитетот на  коронавирусот создаден од нејзината вакцина треба да трае најмалку една година.

„Модерна“ во декември соопшти дека ќе спроведе тестови за да ја потврди активноста на вакцината против кој било вид на коронавирус.

Компанијата очекува во 2021 година да испорача меѓу 600 и една милијарда дози од својата вакцина и предвидува дека на годишно ниво ќе заработи 11,7 милијарди долари од продажбата на вакцината, врз основа на договорот за набавка што го потпиша со владите, пишува „Гардијан“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.