Лекувањето со крвна плазма на заболени со Ковид-19 кај нас ќе започне од утре. Во болницата „8 Септември” ќе започне лекување на овие болни со озонотерапија, изјави денеска министерот за здравство Венко филипче.
Дури и со овие два начини на лекување и со крвната плазма која што почнува практично од утре, за првпат ќе се земе таа плазма од еден пациент којшто е утврдено дека е во фаза во која што има антитела што можат да се дадат на пациент и озонотерапијата со оној апарат којшто го има кај нас ќе почне во болницата „8 Септември”. Има соодветни индикации, не може кај било кого да се аплицира, рече Филипче.
Министерот во гостувањето на утринската програма на ТВ Сител рече дека сепак, точната терапија за лекување на болните од овој вирус во светски рамки допрва ќе се утврдува и дека ние како земја сме дел од студијата со повеќе земји во светот во која ќе се утврдуваат еден од четирите начини со коишто оваа болест ќе се лекува со соодветна терапија и со соодветен пристап.
Филипче повтори дека се уште нема одлука за тоа колква ќе биде полицискиот час за првомајскиот викенд потенцирајќи дека тоа ќе зависи од однесувањето на граѓаните, кои мора да ги почитуваат мерките за носење на заштитна опрема односно маски бројот на новозаболни во следните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.