Од утре се укинуваат квотите за земање лекови од аптека. Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев вели дека од оваа мерка бенефит ќе имаат сите граѓани, лекари и медицински работници, нема да се создаваат гужви, а граѓаните ќе немаат потреба да трупаат залихи на лекови дома. Дополнително при секое подигање на лек, граѓаните ќе треба да се легитимираат со лична карта.
Граѓаните ќе може да добијат лек од која било аптека во кое било време без разлика дали е почеток или крај на месец. Се елиминираат редовни турканици во првите денови од месецот заради препишување на рецепти. Легитимирањето сепак не значи дека постарите лица кои не моат да дојдат до апетка и помладите до 18 години ќе останат без лековите. Во нивно име ќе ги подигнат нивни блиски, рече Дончев.
Премиерот Зоран Заев рече дека државата е ликвидна и може да го дозволи ова, но и дека се води психолошката бариера да се трупаат лекови дома.
Ќе има и поголема контрола, сепак. Сепак се вади некоја тешкотија граѓаните да земаат лекови. Достапноста на лековите до граѓаните е многу значајана работа. Тоа е приоритет за нас и за граѓаните, рече Заев.
Вели дека ефектот за буџетот ќе биде од 200 до 300 милиони денари, но тврди дека буџетот е во одлична состојба.
Заев вели дека се фокусираат на капитални проеки во здравството и на зголемување на платите на медицинските работници, а нето платата на специјалистите да стаса до 100.000 денари нето приход.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.