Од утре кај заболените од коронавирусот ќе почне да се применува комбинацијата што ја содржи лекот кинин (хлорохин) и азитромицин што веќе се покажа ефикасен во повеќе земји. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, попладнево на прес-конференција, соопштуваќји дека таа е одобрена денеска на состанок на Комисијата за етички прашања во Агенцијата за лекови – МАЛМЕД.
Денеска беше одобрена комбинацијата на терапија за пациенти заболени од коронавирусот. Комбинацијата што ја содржи лекот хлоркинин и азитромицин што се покажа како ефективен во повеќе земји и таа одлука ќе биде аплицирана од утре и во болнички и во домашни услови по соодветна индикација од лекарот, бидејќи е потребна прво проценка на клиничката состојба и се дава кај одредена група не кај сите, рече Филипче.
За функционирањето на системот преку „Мој термин“ рече дека без закажување нема да може да се оди на пунктовите за тестирање, туку тоа ќе се прави со закажување преку матичните доктори.
Доколку пацинетите имаат симптоми и имаат епидемиолошки податок може да се јават кај матичниот лекар на телефон кој по пополнување на алгоритамот ќе закаже термин на еден од вкупно 14-те пунктови со цел да се земе брис за да се прати во лабораторија. Без закажување нема да може да се оди по пунктови.Тоа се направи да се стави ред и да се избегнат гужви и контакти, изјави Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.