Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и директорот на Градската општа болница „8 Септември“ Христиан Костов, денеска ја промовираа микробиолошката лабораторија, која од утре ќе биде пуштена во употреба и достапна за македонските осигуреници.
Од утре ќе биде во функција новата микробиолошка лабораторија, со што ќе може да се употребува за анализа на податоци. Дел по дел се зајакнува како инфраструктурата, така и функционалноста на институцијата. За следната година планираме уште неколку активности, кои ќе се однесуваат на инсфраструктурата на сите здравствени установи, потенцираше министерот Филипче.
За потсетување, во месец септември, годинава се пушти во употреба новиот Кардиоваскуларен центар во оваа болница. Исто така, во 2019 година се финализираше инсталацијата на нов линеарен акцелератор. Станува збор за врвна технологија за третман на малигните заболувања. Апаратот е од еден од водечките светски производители и претставува најдобра платформа достапна на пазарот во оваа област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.