Следната недела ќе почнеме со издавање на таканаречен „грин пас“, тоа ќе биде оној електронски кју-ар (QR) код, во кој ќе има податоци за вакцината, ПЦР тест и евентуално за антитела, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во комуникација сме со српските колеги да го издадат бројките на сериите од кои нашите граѓани беа вакцинирани во Србија за да може тоа да биде првата ревакцина, ако е друга, не АстраЗенека, да се издаде сертификат кај нас. За сите други случаи на вакцинација во Србија ќе се користат српските сертификати. Ние следната недела ќе го издадеме и тн. Грин пас. Тоа ќе електронски кјуар код што ќе има податоци за вакцината, за ПЦР тест и евентуално за антитела, па кој било од триете параметри параметри во која било европска земја да се бара да може патникот да ги има со себе, рече Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.