Лицата заразени со Ковид-19 треба да се придржуваат кон режимот на исхрана како во случај на гастритис, препорачуваат експертите од руската Воено-медицинска академија „Киров“, пренесува „Спутник“
Лекарите укажуваат дека во случај на заболување од коронавирусот, е неопходно препишување на диета бр. 2 според системот на Певзнер, кој е индициран за болести на желудникот, особено гастритис и колитис.
Ваквиот режим на исхрана предвидува ограничен внес на тешко сварливи влакна, млеко, зачинета храна и зачини. Исто така, не се препорачува чоколадо, пушено месо, конзервирана храна, солена риба, масно месо и производи од брашно.
Храната треба да се зема во пасирана форма, а диетата вклучува каша, младо кравјосирење, кефир, зеленчук, немасно месо од живина, риба, бајат леб и печени јаболка.
За време на периодот на опоравување се препорачува диета бр.15, која практично нема ограничувања и е споредлива со вообичаената диета. Дополнително се одредува и комплекс витамини, аскорбинска киселина до 600-900 мг на ден, како и витамин П за зајакнување на ѕидовите на крвните садови, до 150-300 мг на ден, се вели во препораката на руските лекари.
Советскиот научник Мануил Исакович Певзнер во 20-тите години на минатиот век развил систем на исхрана кој се користел за лекување на голем број на болести. Овој систем вклучува скала од 15 диети, секоја прилагодена на специфична болест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.