Од први септември почнува со работа болницата „8-ми септември“ и за прегледи и операции.
Во моментов во болницата ослободени се шест оддели од десет оддели каде имаше примено заразени со Ковид-19 и бројката беше над 170 хоспитализирани. Директорот на болницата Костов за Канал 5 објаснува дека дел од одделите се целосно дезинфицирани и чисти, а во моментов се реконструираат дел операционите сали.
Функционирањето во болницата за прием на пациентите ќе биде според сите протоколи од мерење на температура, носење маски, прегледи со одредени термини, одговорно лице ќе внимава на редот и држењето дистанца помеѓу пациентите.
Само 55 кревети ќе бидат оставени во Ковид центарот. Според Костов бројката на приеми се намалила откако во другите градови почнале да функционираат тријажните центри и полесните пациенти ги сместуваат во матичните болници. Во „8-ми септември“ ќе се хоспитализираат само тешките болни оние на кои им е потребена кислородна поддршка и респиратор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.