Со семејството беа собрани за прослава на роденденот на внукот. По 4 дена, ги почувствувал првите симптоми. Се тестирал и излегол позитивен на Ковид-19. Позитивни биле и 8 други члена од семејството. Некои со, а некои без симптоми…
Ова е искуството со Ковид-19, на веќе излекуваниот Мирче Адамчевски, кој зборуваше пред камерите на ТВ21.
На почетокот беше в самоизолација, но поради влошената состојба, беше префрлен на Инфективната клиника. Таму беше две недели. Тој не знае каква терапија примал, бидејќи вели дека се примал преку инфузија.
Адамчевски им порача на граѓаните да внимаваат бидејќи како што рече Ковид-19 не е едноставна работа и остава големи последици.
Погледнете го целиот прилог на ТВ21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.