Денеска имаме нови 42 лица оздравени од коронавирусот, се надевам дека овој број ќе продолжи брзо да расте, рече министерот за здравство Венко Филипче, откако Министерството денеска соопшти дека има нови 54 случаи на заболени од коронавирусот, а шестмина се починати.
Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.
Досега, според статистиката на МЗ од ковид-19 во Македонија се излечени 86 пациенти. Првиот случај на заболен пациент во Македонија беше регистриран на 26 февруари.
Вкупната бројка на заболени од ковид-19 изнесува 908 пациенти, а од нив 44 се починати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.