31-годишниот Омар Тејлор после серијата на опасни компликации звучи неверојатно како успеал да го преживее сето тоа.

Откако се заразил со коронавирусот, Тејлор во болницата бил ставен во индуцирана кома и 30 дена бил на респираторна машина. Во меѓувреме добил два мозочни удари додека бил во кома, воспаление на белите дробови и сепса, а имал и привремен застој на срцето. На крајот, тоја го победил коронавирусот и бил отпуштен од болница на роденденот на својот син.

Најпрвин ни рекоа дека нема да се спаси. Потоа ни рекоа дека повеќе нема да може да се движи, но тој успеа и во тоа. Неговото опоравување е чудесно“, изјави неговата сопруга Кејтлин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.