Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина Ковид-19, може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и на тој начин да обезбеди подобра заштита од нови варијанти на коронавирус.
Веруваме дека третата доза ќе го зајакне имунолошкиот одговор за 10 до 20 пати – рече Бурла.
Новата студија ќе ја следи безбедноста и ефикасноста на третата доза во двете возрасни групи. Луѓето од 18 до 55 години ќе учествуваат во едната група, а луѓето од 65 до 85 година во другата група. Тие исто така учествуваа во првичното клиничко испитување на Фајзер.
За време на оваа студија, учесниците добија две дози од вакцината, во временскиинтервал од три недели. Истиот интервал на дозата е оној што моментално се препорачува.
Фајзер исто така планира да започне со тестирање за да утврди дали модифицираната верзија на вакцината е ефикасна и против јужноафриканската варијанта на коронавирус. Од компанијата посочуваат, како што корона вирусот мутира, така се прават и модификации на вакцините.
Истото се случува и со грипот, кој се менува од година во година, затоа вакцините против грип постојано се подобруваат за да бидат ефективни. Секоја година треба да се вакцинирате против грип, исто ќе биде и со ковид. За една година, ќе мора да отидете да се вакцинирате против ковид за да се заштитите една година – рече Бурла.
Неговите изјави сугерираат дека ковид-19 ќе остане меѓу нас дури и кога ќе заврши пандемијата. Покрај тоа, ќе бидат потребни дополнителни студии за да се утврди кога е најдобро време за повторно вакцинирање против коронавирус, пренесува Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.