Заболените од Ковид-19 од денеска ќе се лекуваат со крвна плазма, а во болницата „8 Септември“ со примена на озонотерапија. За денеска е закажана првата екстракција на плазма која ќе се користи за третман на овие пациенти на Институтот за трансфузиона медицина.
Озонирањето на крвта е метода што се користи за третманот пред сè за најтешките пациенти. Станува збор за метода, со која се озонира една одредена количина на крвта која се вади и потоа таа се враќа во неговата циркулација.
Како што рече на вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, има публикации и искуства од други земји, и врз основа на тие искуства тимот на анестезиолози од болницата „8 Септември“ направил детална анализа на навистина обемна литература и заклучил дека вреди да се направи обид и оваа терапевтска мерка да се аплицира кај овие пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.