Министерството за здравство информира дека првпат во Македонија од денеска е достапен лекот „пирфенидон“ за пациентите со идиопатска белодробна фиброза (ИБФ), која спаѓа во групата на ретки болести. Досега, во нашата земја немаше терапија за овие пациенти.
ИБФ е болест на белите дробови, со брза прогресија и е изразито тешка болест која води до прогресивен пад на функцијата на белите дробови карактеризирана со тешко дишење, чести хоспитализации и лоша прогноза.
Лекот „пирфенидон“ е прв избор за третман на ИБФ, ја стопира прогресијата на болеста, го намалува бројот на егзацербации и го подобрува квалитетот на живот. Преку Програмата за ретки болести се обезбедени дополнителни 7 милиони денари. Ова е петти нов лек за пациентите со ретки болести набавен во последните две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.