Вкупно 105 пациенти починале од компликации од ковид-19 во период од осми до 14 октомври годинава. Од нив над 75 отсто биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во овој период само 26 пациенти биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години, соопшти Министерството за здравство.

Од починатите пациенти двајца биле вакцинирани со Фајзер, тројца со Астра Зенека, четворица починати пациенти примиле вакцина Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм.

МЗ неделно ќе ја информира јавноста за починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.

Министерството за здравство во продолжение ве информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале 26 те пациенти, кои починале со ковид.

На 8 октомври пријавени се 16 починат пациенти, петмина од нив биле вакцинирани, тројца (84,62 и 78) имале кардиолошко заболување, а двајца (63 и 73) кардиолошко заболување и дијабет.

На 9 октомври пријавени за 18 починати пациенти, а само еден бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања дијабет и кардиолошко заболување.

На 10 октомври 14 пациенти се пријавени за починати, од нив тројца вакцинирани (64 год. кардиолошко и малигно заболување), 59 год (кардиолошко заболување) и 68 год (кардиолошко заболување и дијабет).

На 11 октомври 18 пациенти пријавени за починати од нив 6 вакцинирани. Тројца биле со кардиолошко заболување (56, 76, 69), еден (72) со кардиолошка и белодробна болест, еден (81) со кардиолошка болест и дијабет и еден (64) со белодробно заболување.

На 12 октомври се пријавени шестмина за починати, само 1 вакциниран пациент на 80 години – нема хронично заболување;

На 13 октомври 20 пријавени за починати, 8 вакцинирани, тројца (80, 77 и 48) се со кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет, еден (61) со кардиолошко заболување и хипотироидизам, еден (72) со кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување, еден (77) со кардиолошко и белодробно заболување, еден (78)со кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет и еден (71) со кардиолошко заболување.

На 14 октомври се пријавени 13 лица за починати, 4 вакцинирани а од нив двајца (74 и 64) имале кардиолошко заболување и дијабет, еден (75) имал крдиолошко заболување и еден (77) невромускуларно заболување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.