Над 50 здравствени работници, од вкупно 70, кои беа заразени во болницата во Куманово се веќе вратени на работа. Сите се тестирани, сите имаат два негативни теста, согласно критериумот, сите одделенија во болницата нормално функционираат. Во контекст на ова, да информирам дека од 235 здравствени работници, кои се дијагностицирани од почетокот на епидемијата, 184 се оздравени и голем дел од нив се веќе вратени на своите работни места, што овозможи повеќе институции во коишто работата беше успорена, компромитирана или целосно не функционираа, веќе се целосно во функција, како одделенијата на Детската клиника, Институтот за рехабилитација и болницата во Куманово, изјави министерот Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.