Како што објави Сител, од 20 кои лежат во болничките соби дури 15 се школски деца. Освен наод на белите дробови пациентите имаат и висока температура и глад за воздух.
Педијатрите предупредуваат дека овој бран е многу посериозен од претходните и бројот на приеми и прегледи е зголемен со стартот на учебната година.
Лекарите стравуваат дека бројот на заразени ученици ќе се зголеми откако децата ќе бидат затворени во училниците за време на зимата.
Педијатрите велат дека секоја висока температура и кашлица не е ковид и родителите веднаш да не трчаат во Козле туку да побараат прво помош кај матичните.
„Имаме во чекалните и деца со температура кои не се позитивни и позитивни и доаѓа до мешање на инфекцијата па и тие што немаат можат да добијат. Затоа прво кај матичен и ако состојбата е сериозна болницата е 24 часа достапна за сите пациенти“, вели др. Поповска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.