Од 2.735 активни случаи на заболени од коронавирус во Македонија во Скопје има најмногу – 1.593 има покажуваат информациите од Министерството за здравство.

Заклучно со вчера, по општини во главниот најмногу случаи на заразени има во Чаир – 352, потоа следуваат Гази Баба – 128, Аеродром со 127, Центар – 123, Бутел – 117, Карпош – 108, Сарај – 109, Кисела Вода – 82, Ѓорче Петров – 63, Студеничани – 75, Шуто Оризари – 54, Арачиново – 44, Илинден – 24, Петровец – 12, Чучер Сандево – 8 и Сопиште – 11. Во Скопје има и 4 позитивни случаи на странци додека 51 случај не се распределени по општини.

По Скопје, најмногу случаи на ковид-19 досега регистрирани има во Куманово – 679, од кои активни се 230, потоа Тетово со 500, од кои активни се 304,Штип 260, активни 208, Прилеп 230, активни 17, Струга 149, активни 70, Велес 162, активни 34, Гостивар 79 регистрирани, активни 53, Дебар 63, активни 11, Битола 38, активни 9, Охрид 91, активни 72, Кавадарци 9, активни 4, Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци), Струмица 10, активни 7, Крива Паланка 10, активни 4, Радовиш 4, но нема активни, Крушево 5, активни 2, Кочани 59, активни 26, Пробиштип 11, активни 9, Демир Хисар 1, активни 0, Македонски Брод 3, активни 1, Пехчево 5, активни 2, Берово 2, активни 1, Валандово 5, активни 3, Виница 3 и нема активни, Делчево 1 и нема активни, Кратово 5, активни 3, Свети Николе 12, активни 10, Кичево 5, активни 2, Ресен 48, активни 47 и Неготино 19, активни 8 , од кои 10 се жители на Демир Капија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.