Денеска е 21 март, Светскиот ден на лицата родени со Даунов синдром. Даунов синдром е хромозомско нарушување предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Дауновиот синдром претставува облик на хромозомопатија, односно грешка во комбинацијата на хромозомите во 21 пар на хромозоми, која настанува при клеточната делба на новиот плод. При делбата на двата хромозома од едниот родител и двата хромозома од другиот родител, наместо во плодот да се појават два хромозома, се појавуваат три. Затоа и се слави денот на 21 март.

Денеска ќе се одржи настанот “I’m rocking this extra chromosome” на кој ќе се продаваат дизајнирани маички на тема Даунов синдром изработени од учениците од средното училиште „Здравко Цветковски“.

На 24 март ќе се одржи трката RUN FOR DOWN во организација на мечувалечкиот клуб Ескрим во Градскиот парк.

Се надеваме дека ќе ни се придружите, и не заборавајте да носите шарени чорапи, да ги обоите ноктите со различни бои, или на друг начин да ја покажете вашата поддршка кон барањето за подобрување на квалитетот на животот на лицата со Даунов синдром. Низ изминатите неколку години организиравме голем број активности, и ја користевме секоја можност за подигнување на свеста за тоа дека има многу луѓе со Даунов синдром во нашето општество, коишто се соочуваат со секојдневни предизвици. Тие заслужуваат да живеат живот без дискриминација врз основа на попреченоста. Оваа година глобалната кампања се фокусира на #LeaveNoOneBehind со цел да отвориме простор за лицата со Даунов синдром во училиште, на работа, во општеството, јавниот и политичкиот живот, културата или спортот, вели Ида Мантон, основач и претседател на Центарот за Даунов синдром на Македонија.

Иницијативата да се носат шарени чорапи на овој ден започнала од организацијата наречена „Даун Синдром Интернешнл“ за да ги поттикне луѓето да почнат да зборуваат за различности, уникатност, вклучување и прифаќање.

Веб страната на „Даунов синдром Шкотска“ сугерира дека хромозомите изгледаат како чорапи и оттаму е идејата за кампањата „Многу чорапи“ во чест на луѓето со Даунов синдром кои имаат еден хромозом повеќе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.