Српскиот кардиохирург Миљко Ристиќ денеска изјави дека обдукциите на оние кои починале од коронавирус покажале зачудувачки и крајно загрижувачки податоци.
Во Србија се извршени 17 обдукции, иако СЗО не препорачува обдукција на оние што починале од Ковид-19, затоа што постои огромен ризик присутните да се заразат. Кога станува збор за резултатите од обдукцијата, тие мора да бидат познати и посебно треба да ги знаат младите, за да послужат како еден вид предупредување – вели доктор Ристиќ.
Тој посочува дека умираат и млади луѓе, а најголем дел од спроведените обдукции во Србија биле на млади пациенти кои починале во рок од 24 до 48 часа.
Ова не е едноставна пневмонија или настинка, туку сериозна болест. Треба да се влијае врз свеста на младите за да ги намалат непотребните активности, а тоа е единствениот реален начин да се спречи епидемијата – истакна доктор Ристиќ во изјава за „Пинк“.
Тој потенцира дека во овој момент младите се разболуваат под ист ризик како и старите лица, иако немаат историја на претходни заболувања.
Честопати и младите завршуваат за еден до два дена. Разберете дека вирусот е во нашето опкружување и дека секој е потенцијален кандидат за ова тешко заболување – вели докторот.
Тој посочува дека вирусот предизвикува инфекција, ги уништува белите дробови, а кај оние што ќе го прележат остава трајни последици по нивното здравје како зачестена малаксаност и замор.
Респираторите, вели тој, не се семоќни и дозволуваат само здравиот дел од белите дробови да функционира полесно, додека делот од белите дробови зафатен од инфекцијата е неповратно уништен.
Ниту еден лек или респиратор не може да ја врати функцијата на белите дробови – предупреди доктор Ристиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.