Поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон доброволно се пријавија да ја примат вакцината за Ковид-19 пред камери откако таа ќе биде одобрена од регулаторните тела, со цел да покажат на јавноста дека таа е безбедна.
Тројцата поранешни претседатели се надеваат дека кампањата за подигнување на свеста за подобрување на довербата во нејзината безбедност и ефикасност ќе испрати моќна порака.
Целосно им верувам на луѓето како Ентони Фаучи со кој соработував. Ако тој ми каже дека вакцината е безбедна и ве имунизра од добивање Ковид-19, ќе ја примам. Можеби тоа ќе го направам на телевизија или ќе го снимам, со цел луѓето да знаат дека верувам во науката и дека не сакам да бидам заразен со вирусот, изјави Обама.
И Бил Клинтон би бил подготвен да ја прими вакцината јавно, со цел да ја промовира, рече неговиот прес секретар.
Претседателот Клинтон дефинитивно ќе ја прими вакцината штом ќе му биде достапна, врз основа на приоритетите утврдени од здравствените служби. И тој ќе го направи тоа јавно, ако со тоа помогне сите Американци да го сторат истото, рече Анхел Урена.
Прво, вакцините треба да се сметаат за безбедни и да се дадат на приоритетните популации. Потоа, претседателот Буш ќе застане во ред за да ја чека неговата и со задоволство ќе го стори тоа пред камера, соопштија од неговиот кабинет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.