Хидратацијата е многу важна и за кожата и за телото. Со цел метаболизмот да работи добро, потребно е да се внесат најмалку 2 литри вода на ден. Водата е многу моќна за постигнување врвна форма, но има пијалaк кој има уште поповолно дејство врз слабеењето.
И нутриционистите потврдија дека зелениот чај е многу моќен пијалaк.
„Водата е секогаш добар избор затоа што нема калории и го хидрира организмот. Меѓутоа, ако барате нешто што може да го забрза метаболизмот и да помогне во разградување на маснотиите, редовно пијте зелен чај“, вели Ејми Годсон, нутриционист.
Зелениот чај е полн со полифеноли и епигалокатехин-3-галат, што е моќен антиоксиданс, а истражувањата докажаа дека има корисен ефект врз забрзувањето на метаболизмот.
Една студија објавена во „Журнал за истражување во медицинските науки“ забележа поврзаност помеѓу консумацијата на зелен чај и намалувањето на индексот на телесна маса.
„Покрај тоа, зелениот чај содржи кофеин, кој може да помогне во мобилизирање на слободни масни киселини. Ако го пиете овој чај пред тренинг, ќе имате многу повеќе енергија, па ќе можете да правите повеќе вежби, а тоа води до поголема потрошувачка на калории“, додава Кудон.
Исто така, зелениот чај може да помогне во намалувањето на лошиот ЛДЛ холестерол, според една студија објавена во „Nutrition Journal“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.