Има тренд на намалување, но има и варијации во изминатите денови. Она што на некој начин е добро што најголемиот број новодијагностицирани пациенти со ковид-19 се во врска со точно утврдени настани. Па така на пример, еден кластер е поради погреб кој бил одржан во Тетово, а другите случаи од Скопје биле поврзани со семеен настан кој бил одржан во околината на Скопје, рече Филипче.
Тој денеска соопшти за 10 нови случаи позитивни на вирусот Ковид-19 од направени вкупно 198 тестови.
Новите случаи се од Скопје – 6, Куманово – 2, и по еден пациент од Прилеп и Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.