Во веќе добро познатата и депресивна децениска потрага по ефективна вакцина против ХИВ, уште еден кандидат во серијата, падна на тестот по обемната клиничка студија.

Производителите на вакцини Џонсон и Џонсон (Ј &J) не понудија убедлива заштита од ХИВ инфекција за време на клиничката студија што започна во 2017 година. Студијата опфати 2.600 жени од Јужна Африка и четири други соседни земји.

Резултатите беа објавени вчера на прес -конференција одржана од компанијата. Ефективноста на вакцината беше 25,2% што не е доволно за вакцината да се смета за корисна. Гленда Греј, која раководи со Јужноафриканскиот совет за медицински истражувања, посочи дека оваа вакцина наречена Имбодоко ветуваше повеќе од претходните две во кои учествуваше во тестирањето.

Секоја неуспешна студија нe учи на нешто ново. За разлика од претходните, оваа вакцина покажа ефикасност, што ќе ни помогне да дизајнираме подобра вакцина во иднина – посочи Греј.

Пол Стофелс, еден од главните научници на Џоносн и Џонсон, нагласи дека нема да се откажат и дека во тек е уште едно испитување на слична вакцина наречена Мозаико, која започна во 2019 година, во различна фокус група во Америка и Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.