Ново британско истражување сугерира дека Ковид-19 може да предизвика белодробни абнормалности кои може да се откријат и по три месеци откако пациетните биле заразени, пишува Би-би-си.

Во истражувањето спроведено на десет пациенти на Универзитетот во Оксфорд користена е нова техника на скенирање за да се идентификуваат оштетувањата кои не се регистрирани со обично скенирање.

Оваа техника вклучува гас наречен ксенон во текот на магнетната резонанца за да се створи слика на оштетените бели дробови.

Поточно, пациентите го вдишуваат гасот за време на испитувањето.

Професорот Фергус Глисон, кој го водел истражувањето, ја испроба својата техника на скенирање на десет пациенти на возраст од 19 до 69 години.

Осум од испитаниците имале проблеми со кратко дишење и умор три месеци откако го преболеле Ковид-19. Ниеден од нив не требало да користи инхалатор, а обичните снимки не регитрирале компликации на белите дорбови.

Од друга страна, скенирањата на Глисон на истите осум испитаници покажа знаци на оштетување на белите дробови, односно оние делови на градите од кои воздухот отежнато оди во крвта.

Резултатите го наведоа професорот Глисон да планира испитување до 100 луѓе за да утврди листа на оштетување имаат и оние кои не се примени во болница и не пателе од толку сериозни симптоми. Целта е да се открие дали доаѓа до оштетување на белите дробови и, ако доаѓа, дали е трајно или со време се решава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.