Британскиот професор по медицина на Универзитетот Ливерпул и член на советодавното тело за итни ситуации Калум Симпл оцени дека новиот вид на коронавирус, кој се шири низ Велика Британија, најверојатно ќе стане доминантен во целиот свет.
Тој истакна дека новиот вид има предност стекната со еволуирање побрзо да се шири кај човечката популација, па на тој начин ќе ги потисне другите видови на коронавурус и природно ќе стане доминантен, пишува лондонски „Гардијан“.
– Колку повеќе ќе се зголемува стекнатиот колективен имунитет, толку ќе биде поизвесна појавата и развојот на новите видови на коронавирус. Тоа не е изненадување за нас бидејќи секоја година се бориме со вирусите, укажа професорот Симпл
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.