Делта-сојот, а особено поновиот делта-плус, дава симптоми кои се слични на алергиските реакции, па лекарите советуваат дека мора да побарате помош, наместо да се лекувате сами, пишуваат светските медиуми.

Не поставувајте самите дијагноза, бидејќи делта-сојот не е наивен и може да се влоши преку ноќ. Затоа мора да бидете доволно внимателни, особено ако забележите сува кашлица, замор и температура.

Клучниот симптом по кој ќе успеете да препознаете е зголемена температура, која многу ретко се појавува при алергија, но е карактеристична за делта сојот. Исто така, можете да забележите главоболки, но и течење на носот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.