Во последните 24 часа се направени 997 тестирања, а регистрирани се 92 нови случаи на ковид-19. Најмногу новозаразени има во Скопје -17, шест во Куманово, исто толку во Штип, во Прилеп 2, Тетово 7, Струга 3, Велес 2, Битола 3, Охрид 2, Кавадарци 1, Гостивар 5, Гевгелија 3, Струмица 2, Крива Паланка 1, Кочани 3, Македонски Брод 2, Пехчево 3, Берово 1, Делчево 13, Свети Николе 4, Кичево 5 и еден во Неготино, информира Министерството за здравство.
Починати се тројца, 41-годишен маж од Гостивар и пациент од Дебар на 63 години починале во болница, а 35-годишна жена од Ресен починала вон болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти, од кои од се Скопје 24, Куманово 31, Штип 8, Тетово 3, Гостивар 8, Пробиштип 1, Берово 6, Виница 2, Делчево 3.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15090, бројката на оздравени пациенти е 12235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2238.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 53, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се две деца и една мајка позитивни на ковид-19, четири деца и пет мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примен е еден пациент, а вкупно хоспитализирани се 21 пациент. На респираторна машина се двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга се хоспитализирани 124, позитивни и сомнителни на ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.