Нови 159 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа на направени 1733 тестирања, информираат од Министерството за здравство.
Новите заболени се во: Скопје-32, Куманово-25, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-7, Тетово-9, Струга-15, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-5, Гостивар-22, Гевгелија-5, Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-4, Кичево-3.
Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје на возраст 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент од Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-27, Куманово-1, Дебар-3, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Гостивар-9, Крушево-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Виница-1, Кичево-13, Неготино-2.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13458, бројката на оздравени пациенти е 10052, на починати е 563, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2843. Денеска се евидентираат девет (9) контролни тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 5615, активни 829
Куманово 1355, активни 317
Дебар 237, активни 74
Штип 1100, активни 251
Прилеп 391, активни 57
Тетово 1180, активни 168
Струга 544, активни 150
Велес 253, активни 29
Битола 188, активни 49
Охрид 324, активни 67
Кавадарци 168, активни 99
Гостивар 722, активни 310
Гевгелија 39, активни 21 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
Струмица 56, активни 21
Крива Паланка 35, активни 10
Радовиш 39, активни 10
Крушево 16, активни 0
Кочани 132, активни 30
Пробиштип 73, активни 18
Демир Хисар 60, активни 30
Македонски Брод 65, активни 35
Пехчево 9, активни 3
Берово 34, активни 25
Валандово 7, активни 0
Виница 63, активни 42
Делчево 27, активни 22 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 16, активни 2
Свети Николе 269, активни 60
Кичево 257, активни 103
Ресен 146, активни 1
Неготино 38, активни 10 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1733 теста се преку: ИЈЗ-521, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-210, Биотек-320, МАНУ -88, Жан Митрев (Филип Втори)-251, Систина со PCR метода -172, лабораторија Лаор – 56, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-9, ГАК-5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 136.051 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни, две мајки и две деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 114
Гази Баба – 100
Аеродром – 99
Карпош – 92
Центар – 81
Кисела Вода – 84
Ѓорче Петров – 63
Бутел – 61
Шуто Оризари – 36
Студеничани – 19
Сарај – 20
Арачиново – 15
Илинден – 12
Сопиште – 9
Чучер Сандево – 6
Петровец – 8
Зелениково – 4
Странец – 4
Нераспределен –
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.