За невакцинираните постои 29 пати поголема веројатност да бидат хоспитализирани поради COVID-19 од оние кои се вакцинирани, според студијата која вчера ја објави Центарот за контрола и превенција на болести во САД.

Новата студија објавена во неделниот извештај за морбидитетот и морталитетот на Центарот за контрола и превенција на болести во САД, открива и дека невакцинираните имаат пет пати поголема шанса дека ќе бидат заразени со COVID-19, отколку луѓето кои примиле вакцина. Резултатите се темелат на податоци помеѓу 1. мај и 25. јули, од 43.127 инфекции кај жителите на Лос Анџелес.

Кај сите жители на Лос Анџелес, стапката на хоспитализации пораснала експоненцијално меѓу невакцинираните, целосно вакцинираните и делумно вакцинираните, со најголемат стапка помеѓу невакцинираните луѓе кон крајот на јуни, наведува Центарот за контрола и превенција на болести во САД.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.