Според најновата студија, вирусот „Ковид-19“ може да зарази органи низ целото тело, како што се белите дробови, срцето, црниот дроб, мозокот, бубрезите и цревата.

Во два одвоени извештаи било објавено дека вирусот доаѓа од белите дробови и може да нападне разни органи, што може да го објасни широкиот спектар на симптоми на новиот коронавирус, пишува Си-Ен-Ен.

Овој наод може да помогне да се објаснат некои од симптомите што се гледаат кај пациентите, како што е формирање на згрутчување на крвта кои предизвикуваат мозочни удари кај помладите луѓе и кои можат да предизвикаат главоболки и откажување на бубрезите.
Вирусот Ковид-19 е класифициран како респираторна инфекција која се пренесува со капки, а се верува дека може да предизвика дијареја и други гастроинтестинални симптоми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.