Братче на едно од петте заболени деца од Радишани се заразило со мали сипаници. Детето е во стабибилна здравствена состојба на Инфективната клиника, потврдија од скопскиот Центар за јавно здравје. За една недела ова е седми случај со морбили во општина Бутел. Епидемиолозите излегоа со загрижувачки податоци за бројот на невакцинирани во Скопје. МРП не примиле дури 15.000 деца на возраст од 1 до 14 години.

Опфатот со прва доза МРП вакцина за предучилишни деца е најнизок во општина Центар, во општина Карпош и во општина Аеродром – изјави прим.д-р Биљана Даниловска, раководител на одделението за епидемиологија во ЦЈЗ Скопје.

Потенцирано е дека кај 9 од 10 лица, кои биле во контакт со заболено лице, постојат сериозни услови за ширење епидемијата во Скопје и во останатите градови во државата.

Претставници од здравство, образование и труд и социјала бараат правна регулатива вакцините да бидат задолжителни за упис во градинка или училиште.

Веќе се одржани две работни средби на работна група, формирана од министерот за здравство, со претставници од МЗ, МТСП и ДСЗИ, со цел разгледување на можностите во законската регулатива за правото на заштита на децата од заразни заболувања – изјави проф.д-р Александра Грозданова, Комитет за имунизација.

Во меѓувреме додека да се најде правно решение лекарски тимови ке ги посетуваат градинките и училиштата и на родителите ќе им објаснуваат дека вакцините се безбедни и зошто е неопходно децата да бидат заштитени од мали сипаници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.