Регистриран нов случај на КОВИД-19 во Берово. Со ова, бројката на активни случаи во оваа општина изнесува двајца пациенти. Надлежните институции иформираат дека двајцата пациенти се во добра здравствена состојба.
Претходниот пациент е во добра здравствена состојба и наскоро се очекува да биде регистриран како оздравен. Што се однесува до новиот случај се работи за жител од повозрасната категорија граѓани. Се надеваме дека и покрај возраста добро ќе го поднесе вирусот, истакнуваат од Здравствен дом – Берово. Во Берово од почетокот на пандемијата досега беа регистрирани 5 случаи на КОВИД-19, од кои еден пациент почина. Во општините од опкружувањето во Пехчево повеќе од две недели не се регистрирани позитивни пациенти на вирусот. Исто така и во Делчево нема позитивни пациенти на коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.