Во Градската општа болница „8 Септември“ се финализира инсталацијата на нов линеарен акцелератор. Станува збор за врвна технологија за третман на малигните заболувања. Апаратот е од еден од водечките светски производители и претставува најдобра платформа достапна на пазарот во оваа област.
Пред инсталацијата на апаратот, изграден е комплетно нов бункер за кој се обезбедени 58 милиони денари од буџетот на Министерството за здравство.
Линеарниот акцелератор овозможува максимална прецизност во планирање и изведување третмани, имајќи предвид дека насочувањето на третманскиот зрак се врши со рубини, додека кај сите останати апарати се врши со огледала.
Со примената на оваа технологија се овозможува управување со радиотераписките процедури, планирање и креирање распореди, резервација на термини, следење на пациентите, следење на реализацијата на третмани, креирање електронски записи за историјата на болеста, ревизија и споредба на сликите добиени со електронскиот портал-детектор на акцелераторот, со сликите добиени од системот за планирање на третманот.
На 152. седница, Владата на Република Македонија ја усвои информацијата со иницијатива за соединување–централизирање на дејноста онкологија и радиотерапија, во рамки на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје со основање подрачни одделенија во Градската општа болница „8-ми Септември”–Скопје, Клиничката болница Штип и Клиничката болница Битола, како и низ останатите градови во Републиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.