Институтот за радиологија набави нов апарат за компјутеризирана томографија, модел SIEMENS Somatom Go.Up, 64 слајсен. Овој апарат е набавен кон крајот на 2019 година и e пуштен во употреба. Со новиот апарат ќе се скрати времетраењето на прегледот, а подобрата резолуција на добиените резултати ќе придонесе за побрза и подетална детекција на најситните промени. Апаратот за компјутеризирана томографија работи во две смени, со редовно закажани пациенти преку програмата „Мој Термин“.
Набавената современа опрема е само дополнување на посветената работата на врвните радиолози од Институтот за радиологија. На овој начин водиме максимална грижа за подобро здравје на пациентите. Во моментов на Институтот се во функција четири апарати за компјутеризирана томографија, со што значително е подобрено функционирањето во оваа јавно-здравствена установа, изјави министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.
Апаратот за КТ е набавен со сопствени средства и неговата вредност изнесува 10 милиони денари со ДДВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.